Филхармонија на отворено: Најава за два одлични концерти во Градскиот парк

11 јуни 2019

Летото помеѓу другото го сакаме и поради одличните концерти и музичка програма. Крајот на јуни е резервиран за два концерти под ведро небо.

Имено, Македонската филхармонија продолжува со традицијата и оргнизира два настана обединети под името „Филхармонија на отворено“.

Првиот концерт ќе се одржи на 23. јуни (недела) со почеток од 21 часот и е насловен како „Ну Погоди!“.

Присутните таа вечер ќе имаат можност да уживаат во музика од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок: „Балтазар", „Ну Погоди", „Как Казаки", „Козле Бозле", „Густав", „Балтазар", „Мечето Ушко"...

Аранжман/оркестрација: Владимир Николов
Диригент: Џијан Емин
Бенд:Зоран Костадиновски - гитара; Иван Бејков - бас; Гордан Спасовски - клавијатури; Гоце Стевковски - тапани

Вториот концерт пак, е закажан за 29 јуни (сабота) исто така со почеток од 21 часот, а насловен како Љубов и револуција.

Тогаш ќе бидат изведени популарни теми од сферата на поп-рок и панк-музиката: „Рејдиохед", Ник Кејв, „Бисти Бојс", „Продиџи", „Нирвана", „Секс Пистолс", „Клеш", Џими Хендрикс, „Ролинг Стоунс", „Пинк Флојд", Дејвид Боуви, „Рамштајн"...

Оркестар на Филхармонија
Хор: „ПроАрс" (Диригент: Сашо Татарчевски)
Бенд: Александар Поп Христов - гитара; Зоран Костадиновски - гитара; Иван Бејков - бас; Гоце Стевковски - тапани
Аранжмани/диригирање: Џијан Емин

Не попуштајте ја можноста да уживате во убава музика, под отворено небо и во одлично друштво!

Објавено:
11 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
10.484 пати