Фондација Елена Лука добитник на Награда за филантропија ОКО за 2016 година

28 февруари 2017

Фондацијата Елена Лука чиј основач е г-ѓа Елена Пандева е добитник на наградата за филантропија ОКО за 2016 година за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија. 

Фондацијата во текот на изминатата година посветено работеше на помош и поддршка на самохрани мајки претприемачки, зајакнување на капацитетите на жените за конкурентен настап на пазарот на труд, поддршка на средношколки и студенти преку обезбедување стипендии, активности за социјална инклузија на деца и голем број на едукативни активности за промовирање на човековите права, родовата рамноправност, недискриминацијата и спречување на родово назираното насилство. 

Наградата ја додели здружението Хорус, а цел на наградите за филантропија е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и го промовираат и стимулираат развојот на филантропијата во Р. Македонија. 

Добитници на награди во другите категории се г-ѓа Сунчица Стојановска Зоксимовска - ОКО  Награда за новинар/медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во РМ, АВОН Македонија и Здружение Кризен центар ,,Надеж” Скопје - ОКО Специјална награда за воспоставено долгорочно-стратешко партнерство помеѓу  деловниот и граѓанскиот сектор (заедничка награда за претпријатие и здружение/фондација), Пакомак доо Скопје - ОКО Награда за корпоративна филантропија за мало претпријатие, Адинг ад Скопје - ОКО Награда за корпоративна филантропија за средно претпријатие, Стопанска банка ад Скопје - ОКО Награда за корпоративна филантропија за големо претпријатие, Семејство Фејзулаи - Норвешка - ОКО Награда за индивидуален филантроп од дијаспората, г-ѓа Кристина Арнаудова Петровски - ОКО Награда за индивидуален филантроп од РМ.   

Активностите за доделување на наградите за филантропија се во рамки на проектот SIGN for sustainability реализиран од SIGN - регионална мрежа на локални фондации, a поддржани од Европска унија и Балканскиот фонд за демократија.

Објавено:
28 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
146 пати