Фондацијата „Елена Лука“ ги додели првите сертификати од креативните обуки

16 септември 2016

Во просториите на Фондацијата „Елена Лука“, денеска беа доделени сертификати од обуките во модната куќа „Елена Лука“.

Петте жени во изминативе три месеци имаа можност да се образуваат и надградат во креативна област.

Имено, проектот „Економско зајакнување на млади девојки и жени" со вкупно времетраење од 5 месеци вклучи пет млади девојки и жени од територијата на Скопје во вокациски обуки (обуки за дизајнери, обуки за моделари, обуки за шивачи, обуки за рачна работа) во модната куќа „Елена Лука“ во траење од три месеци.

Целта беше да се поддржи рамноправното учество на жените на пазарот на труд и воопшто намалување на невработеноста кај жените и девојките и унапредување на нивниот социо – економскиот статус.

-Изминативе месеци имавме можност да се запознаеме со многу креативни и иновативни жени, кои секако, со успех ги завршија обуките. Сметаме дека на овој начин успеавме да придонесеме за зголемувањето на јавната свест за потребата од специфична поддршка на оваа група за вклучување на пазарот на трудот – велат од фондацијата.

За потсетување, во изминатиов период, „Елена Лука“ фондацијата поддржа и шест самохрани мајки, преку проектот „Економско зајакнување на самохрани мајки". Со техничка поддршка и обуки во времетраење од 5 месеци, шест самохрани мајки добија шанса да започнат бизнис или да го прошират веќе постоечкиот преку финансиска поддршка од 100.000 денари по лице за набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки.

Фондацијата не ги заборави и помладите креативци, па во тек е конкурсот за изработка на скица за дизајн на матурска креација, за кој повеќе можете да дознаете на линкот тука.

Во продолжение погледнете дел од денешната атмосфера:

 

Објавено:
16 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.199 пати