Фондацијата Елена Лука објавува Конкурс за бесплатни обуки

12 јануари 2017

Вложувањето во себе е најсигурна инвестиција. Со оваа идеја, Фондацијата Елена Лука објави Конкурс за бесплатни професионални обуки за вработување.

Сите кои ќе се пријават за учество во бесплатните обуки треба да наведат во каква вокациска обука сакаат да учествуваат, а Фондација Елена Лука ќе овозможи пет бесплатни обуки.

Критериуми за аплицирање се следниве:

• Да биде невработено лице
• Да има мотивација и интерес да се вклучи во професионални обуки за вработување
• Да има потреба од обуката или семејна/животна ситуација која бара поддршка од овој тип

Пријавите од страна на припаднички на ранливите заедници ќе имаат додадена вредност во оценката.

Процедура и рок за аплицирање

Заинтересираните девојки и жени можат да поднесат своја биографија и мотивационо писмо (не подолго од 1 страна) за учество на обуките на следниве е-мејл адреси:
contact@foundationelenaluka.org и info@foundationelenaluka.org; или со доставување на документите на адресата на Фондацијата (види адреса подолу).

Заинтересираните кандидатки можат да добијат подетални информации на следните телефони: 071 207 090; 071 207 400;

Крајниот рок за пријавување e 20 февруари 2017. Сите податоци вклучени во поднесените документи ќе се сметаат за доверливи.

Објавено:
12 јануари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.512 пати