Фондацијата Елена Лука по втор пат објавува проект за „Економско зајакнување на самохрани мајки“

18 април 2017

Како и минатата година и оваа година Фондација Елена Лука ќе продолжи да работи во насока на економско зајакнување на самохраните мајки преку директна поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот. На огласот можат да се пријават самохрани мајки од следните општини: Скопје, Прилеп, Штип, Радовиш и Кавадарци. Во рамки на проектот ќе бидат поддржани 5 самохрани мајки со по 100.000 денари.

Поддршката ќе се состои во набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки. Краен рок за аплицирање е 08 мај 2017.

Критериуми за аплицирање:

• Самохрани мајки кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го унапредат веќе постоечкиот;
• Самохрани мајки со деца на возраст до 26 години;
• Државјани на Република Македонија

За сите прашања или информации за потребните документи за аплицирање на повикот можете да се обратите на долунаведените соработници:

За сите детални информации може да се информирате во Фондацијата Елена Лука или на:
Моб: 071 207 090 или е-маил: contact@foundationelenaluka.org

Објавено:
18 април 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
276 пати