Фотографии со потпис на Стенли Кјубрик

26 јуни 2015

Kubrick

За оние што не знаат, познатиот режисер Стенли Кјубрик во тинејџерските години се занимавал со фотографија. Токму во продолжение, ќе имате можност да видите дел од нив, фотографирани во 1946 година, кога Стенли имал 18 години. Истите се објавени во магазинот LOOK, за кој фотографирал од 1945 до 1950 година.

Хелен О’Брајан, уредникот за фотографија во магазинот вели дека Кјубрик создал најголем број на објавени фотографии од било кој друг фотограф со кој таа работела. Во тоа време, тој е и најмладиот фотограф што некогаш работел за LOOK.

Сите фотографии се фотографирани со употреба на природно светло. Години подоцна, Кјубрик за истите коментира како сакал да го задржи и прикаже сопственото расположение во фотографиите, како и атмосферата во метрото.

Фотографиите најчесто се направени во текот на приквечерината или после полноќ.

Погледнете:

Kubrick-1

Kubrick-2

Kubrick-3

Kubrick-4

Kubrick-5

Kubrick-6

Kubrick-7

Kubrick-9

Kubrick-10

Kubrick-11

Објавено:
26 јуни 2015
Категорија: 
Култура