Гори катедралата Нотр Дам!

15 април 2019

Пожар ја зафати познатата катедрала Нотр Дам што важи за едно од најпрепознатливите културни обележја на Париз, информира градската пожарникарна служба, пренесува BBC.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена, нo официјалните власти упатуваат на тоа дека можеби е поврзана со реновирањето на овој монументален објект што според својот стил ѝ припаѓа на готската архитектура.

Според видеата и фотографиите што веќе се објавени на социјалните мрежи, се забележуваат застрашувачки пламени јазици што го проголтуваат врвот на познатата туристичка атракција.

850 години старата католичката црква Нотр Дам секоја година ја посетуваат околу 12 милиони туристи, а во моментов се реновира поради исклучително лошата и нестабилна состојба предизвикана од климатските промени и загадувањето.

Ве тек е голема акција на гасење на пожарот.

Фото: York Daily Record, Google, RTE, Time magazine

Објавено:
15 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.442 пати