Градови во Италија кои вреди да ги посетите, а не се Рим и Милано!

15 август 2018

Италија не се само Милано, Рим, Венеција, градови што се најчесто во понудата на нашите туристички агенции. 

Доколку сакате да ја доживеете оваа држава уште поубаво, или сакате да видите повеќе од неа, тогаш наш предлог е да ги посетите градовите што се наоѓаат на брегот на Медитеранското море. 

Колоритните куќи ќе ве освојат веднаш, а во продолжение ќе ви презентираме пет совршени места за одмор, секако доколку сакате да откривате нови работи, а истовремено и да уживате:

 

Манарола

Ова е мало место во срцето на Италија. Манарола е дел од петте села на Чинкве Тере. За него ќе речат дека е едно од најсликовитите места на светот. Луѓето најчесто се воодушевуваат на прекрасните мали куќи, но ова место е привлечно и поради убавата плажа и голем број хотели, кафулиња и апартмани, кои нудат забава за посетителите. Совршено место за оние што сакаат вистински да одморат и да уживаат во погледот на куќите, кои свртени со грб накај ридовите, изгледаат како да висат на нив. Најдобро време за да го посетите ова место е од доцна пролет, па сè до рана есен. 

 

Соренто

Невозможно е да не се вљубите во панорамата ан Соренто. Брегот изгледа како вистински рај, а мирисот на лимоново дрво и овошје и цвеќе уште повеќе придонесува да бидете понесени од убавината. Многу познати писатели, меѓу кои Дикенс и Гете, често го посетувале ова место, понекогаш за одмор, а понекогаш престојувале и речиси цела година, бидејќи им го давала потребниот мир и инспирација за творење. Во стариот дел од градот се наоѓаат занаетчиски работилници и туристички знаменитости.

 

Амалфи

Градот Амалфи се наоѓа појужно од урбаниот Наполи и вулканот Везув. Во близина на овој град се наоѓа и островот Капри, па сето ова е доволна причина да сакате да го посетите градот. Воодушевувачката убавина на медитеранската природа и специфичната архитектура, како и прекрасните песочни плажи се заслужни што ова место се најде на листата на УНЕСКО. Градот е карактеристичен и по стражарските кули, кои биле клучен дел во борбата против гусарите. По овој град всушност е наречен и целиот брег, кој ако некогаш имате можност, морате да го посетите.

 

Атрани

Атрани ги има најпрекрасните градини и плоштади, како и карактеристични скали, па поради севкупната атмосфера во градот и убавините, овој град е чест избор на режисерите. Во него се снимени бројни реклами и филмови. Во 2012 година на пример, „Фијат“ снимаше реклама токму таму. Куќите се во близина на плажите, а и низ овој град се чувствува мирисот на лимоновите дрва. 

Објавено:
15 август 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.012 пати