H&M има нова фантастична колекција за домот

6 август 2018

Познатиот high street бренд H&M ја претстави новата фантастична колекција за домот, насловена едноставно како „Piece of Paradise“.

Во истата сместија неодоливи детали за уредување на домот со кои дефинитивно ќе го разубавите секој агол и ќе уживате во последните денови од летото.

Дел од колекцијата се прекрасни прекривки со принт, неодоливи шолји и чинии, вазни, постелнини, а дизајнерите и овојпат си играат со деталите, боите, принтовите и материјалите на парчињата.

Крајот на летото никогаш не бил поубав благодарение на овие фантастични детали во кои ќе ужива целото семејство.

Ако ви требаше инспирација за летно уредување на домот и разубавување на секој агол, тогаш колекцијата на H&M е дефинитивно нешто што денеска мора да го погледнете, а знаете дека тие речиси никогаш и да не грешат.

 

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
6 август 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.239 пати