SAG наградите речиси секогаш се сметаат за уште еден чекор понапред до филмската вечер што целиот свет ја чека, односно до Оскарите, а многу често истите актери ги добиваат главните награди.

Иако вечерта како победници беа прогласени актери за кои и се очекуваше награда, како Ема Стоун за нејзината улога во „La La Land“ и Виола Дејвис а улогата во „Fences“, имаше и многу изненадувања.

Некои од нив беа индивидуалните награди за Џон Литгоу и Клер Фој за нивните улоги во драмата Queen Elizabeth, а многумина ќе кажат дека изненадувањето на вечерта беше наградата за најдобра драма серија за „Stranger Things“.

Публиката и холивудската елита беше најзадоволна од победата на единствениот Дензел Вашингтон кој беше прогласен за најдобар актер за улогата во „Fences“, кој иако досега многупати бил номиниран, тој ниту еднаш не освоил награда.

Меѓу добитниците беа и актерката Сара Полсон за нејзината улога во серијата „The People vs. O.J. Simpson: American Crime Story“, потоа актерот Брајан Кренстон за „All The Way“, а најдобра комедија за изминатата година е „Orange Is the New Black“.

Кога станува збор за модата на наградите, голем дел од актерките годинава се одлучија за светкави креации какви што впрочем се и трендовите, но имаше и дел од нив кои повторно се одлучија за тантелни и свилени креации, а имаше и одлични женски костими.

Ѕвездата на вечерта, актерката Ема Стоун се појави во секси долга тоалета со цветови од пред – есенската колекција на Александар Меквин, а подеднакво прекрасна и во навистина уникатен фустан се појави и Никол Кидман која одбра зелена креација со пердуви и светки од ресортот на Гучи.

Вистинска убавица беше актерката Емили Блант која се одлучи за уникатна светкава и украсена креација на Роберто Кавали, надополнета со едноставна шминка и фризура и впечатливи обетки.

Една од омилените холивудски дами, актерката Кери Вашингтон беше навистина прекрасна во бела креација на Кавали со откриени рамена, изработена од фантастичен украсен материјал.

Подеднакво прекрасни беа и момците кои сосема нормално, се одлучија за свечени костими со пеперутка вратоврски во темно сина и црна боја, но некои одбраа и интересни бои меѓу кои и светло сина и темно зелена, додека актерот Лоренс Фишбурн се појави во интересна црно – црвена креација во индиски стил.

Она што остави впечаток на годинешните SAG награди беше политичкиот момент, односно говорите на познатите ѕвезди против изјавите на Трамп за воведување строги мерки за влез во САД на имигранти.

Голем дел од нив посочија дека тоа е тотално не – американски и нешто што никогаш не смеело да се направи и им посочија на сите што се дома, што чекаат на аеродромите и оние што сакаат да дојдат во САД, дека се добредојдени.

Во галеријата погледнете дел од атмосферата на годинешните Screen Actors Guild Awards во Лос Анџелес.

Објавено:
30 јануари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
568 пати