Hybrid Minds Crew сивилото го претвораат во уметност

17 август 2018

Битолскиот колектив артисти Hybrid Minds Crew веќе две години е во мисија: со уметност да го покрие сивилото на градот.

Драган Милованов (None), Владимир Бошковски (Vladic), Дарко Ристевски (Zool), се тројцата талентирани дечки кои на монотоните сиви површини им даваат нова димензија – фантастична улична уметност што може да ја споредиме со онаа од улиците на Берлин.

Иако индивидуално секој од нив повеќе од десетина години работи на полето на аудио-визуелните уметности, пред две години ги здружиле креативните сили и од тогаш Hybrid Mind Crew создава уметничка револуција.

Иако главен фокус на нивната работа се графити и мурали, тие паралелно работат и илустрации, анимација, графички дизајн...

Ве носиме на колоритна авантура низ улиците што раскажуваат за нивната уметност.


Фото извор: https://www.instagram.com/hybrid.minds.crew/, http://www.hybridmindscrew.com/index.htmlhttps://www.facebook.com/hybridmindscr/

 

Објавено:
17 август 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
155 пати