И Македонија го слави Меѓународниот Ден на џез музиката

30 април 2015

International Jazz Day

Меѓународниот Ден на џез музиката се прославува денеска, а оваа година Баги Комуникации и Скопје Сити Мол, со концерт заедно ќе го одбележат овој ден.

Концертот ќе се одржи пред Skopje City Mall, на отворен простор и ќе биде бесплатен за посетителите. Почетокот на настанот е 18 часот.

Учесници на концертот ќе бидат Марти Ивановски, Bass & Glas, Ади, Дино и Џоле Трио и Давид Нешковски Трио.

Годинешната прославата на Меѓународниот Ден на џезот ќе биде посветена на прерано починатиот македонски џез музичар Јовица Јовановски и на кубанскиот перкусиониста Оскар Салас, кој последните години од својот живот ги помина во Македонија. И двајцата музичари беа дел од минатогодишната прослава на Баги Комуникации.

Инаку, ова е трета година по ред како оваа агенција се приклучува кон светската прослава на овој ден.

Инаку, во ноември 2011 за време на Генералната конференција на УНЕСКО, меѓународната заедница го прогласи 30 април за Меѓународен Ден на џезот.

Целта на прогласувањето на Меѓународниот Ден на џезот е зголемување на свеста кај меѓународната заедница за вредностите на џез музиката како едукативна сила, алатка за промовирање на мирот, заедништвото, дијалогот и зајакната соработка помеѓу луѓето.

Денот на џезот за прв пат e прославен во април 2012 година под лидерство на Херби Хенкок, една од легендите на светската џез сцена и Амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.

Ова е најголем ден на џез музиката во историјата, се слави во 185 земји и има преку 600 настани во еден ден.

Повеќе информации можете да најдете на официјалната веб страна на International Jazz Day.

Објавено:
30 април 2015
Категорија: 
Култура