Идеално поткровје за вас

30 јануари 2015

Едно од честите прашање на нашите читатели е како да го уредат поткровјето, односно како да создадат посветол и попростран животен простор. Следејќи ги нашите совети вашиот простор навистина може да изгледа како дом од соништата.

Modern-Attic-Design-Design

Вечната дилема секогаш е како да го уредиме просторот, било  да сакаме да го освежиме или пак целосно да го измениме и да го прилагодиме на секојдневните потреби. Секој простор е специфичен на свој начин и има нормално предности и мани, меѓутоа како и да гледате поткровјата секако се најкомлексни, но и најинтересни и најинспиративни.

Затоа што веќе се погриживме за квалитетна кровна изолација и Трокал четири сезонско стакло, останува да се посветите на функцијата и естетиката на просторот. Односно на детали кои лесно ќе го направат вашиот простор пријатно место за живот.

Бои

3-Open-plan-loft-design

Иако еден од најчестите совети кога се работи за уредување на поткровјето се боите, кај поткровјето е дефинитвно така. Тие често се ниски, со недоволна таванска висина, затоа најдобро е таванот да биде обоен во бела боја, освен ако сте среќници па конструкцијата на самата греда е видлива, во тој случај таванот можете да го обоите во крем нијанси за да го истакнете деталот.

Боите кои би требало да бидат основни се белата, светло сивата и кремавите нијанси, и секако бои многу слични на нив.

Не брзајте, подоцна низ детали можете да ја провлечете некоја потемна нијанса. Би било одлично ако крупните форми на мебел ја задржат светлата боја или пак да се тапацирани во некој светол дезен. Истото важи и за теписоните, ако зафаќаат голема површина тие се со светла боја, ако се мали тогаш можеме да си дозволиме да си играме со потемни нијанси.

Држете се до правилото во кое потемните елементи ги ставате поблиску до подот, а посветлите поблиску до таванот.

Дрво

3225.138063544796545276_4b43bcr0_c

Кога ќе споменеме дрво, а се работи за поткровје веднаш ни текнува на видливата контрукција која ја споменавме погоре. Освен за подот, за дрвените елементи бирајте светли нијанси кои ќе се вклопат со одбраната основна боја.

Камен/цигла

interior-luxurious-and-exclusive-loft-living-room-with-stylish-white-l-sofa-and-contemporary-brick-wall-also-cool-telescope-26-picturesque-interior-brick-wall-design-ideas-decorating-interior-brick

Сигурно веќе и знаете  дека каменот важи за многу декоративен и бара голем простор, висок таван доколку се става на ѕид, а обично се користи за камин или како дел од кујна. Доколку имате високи ѕидови тогаш навистина имате единствена прилика да го декорирате со природен или вештачки камен. Никогаш не го обложувајте целиот ѕид туку само делови. Освен како исклучително добра декорација истотака ќе ја намали разликата во висината на ѕидовите ако е голема од едната до другата страна на станот.

Осветлување

64

Централното светло во просторите со нееднаков кроv нема да го постигнат потребниот ефект. Ќе биде осветлен само централниот дел, бидејќи косините ќе ја оневозможат светлината.

Таканареченото точкасто осветлување (вградено, таванско) е добро решение за таванот. Повеќе светлосни тела со помала јачина, ќе овозможат осветленост на целиот простор. Подните и ѕидните лампи ќе го решат проблемот со скриените делови, ќе ги отворат и ќе го приближат остатокот од просторот.

Одбирање мебел и декорации

Urbanski-Attic-4

Поткровјата се простори кај кои познатата реченица „помалку е повеќе“ има своја сила. Не го оптеретувајте го просторот со преголем број на детали. Мебелот е тој кој воедно е и украс. Доколку сакате освежување од светлите и скоро еднолични тонови, трпезариските столчиња може да ги играте во различни бои, па дури и типови, тие дефинитивно ќе го разиграат просторот. Во дневната соба тоа би било клуб масичка која би отскокнувала од останатиот мебел. Доколку имате многу книги немојте да го оптеретувате просторот со полици, за нив резервирајте го највисокиот ѕид. Значи запомнете самиот мебел е функционален и декоративен сам по себе. Одберете кои парчиња мебел ќе бидат декорација, а кои ќе бидат сведени на едноставен и навидум неупадлив мебел.

Завесите за поткровјето се најчесто неупотребливи. Се користат ролетни наменски направени за кровни прозорци, освен поради отвореноста  белата боја ја одбива и сончевата светлина а тоа во летните денови е неопходно. Доколку прозорите се на север слободно можете да ги избегнете и ролетните.

Објавено:
30 јануари 2015
Категорија: 
Култура