Идилични дестинации што изгледаат прекрасно во зима

19 ноември 2018

Иако ќе си речете дека можеби сè уште е рано, но времето толку брзо поминува, што без проблем можете да почнете да го планирате вашиот зимски одмор.

Без разлика дали ќе се решите да патувате за Нова година или пак едноставно, ќе уживате неколку дена во текот на зимата, погрижете се да ја одберете совршената дестинација на која ќе уживате со семејството.

Фото: UCompare

Ако планирате да патувате надвор од земјата, денеска ви предлагаме неколку места кои знаеме дека ќе ви се допаднат, а за кои имате доволно време да се подготвите и да заминете на незаборавно патување од соништата.

Сите европски дестинации се фантастичен избор во текот на зимата, а доколку има и снег, тогаш не ви е потребно ништо друго освен добро друштво и топла облека.

Виена

Фото: Daily Express

За Виена не мора да се зборува многу, доволно е да знаете дека сите се воодушевени од нејзината магија особено во зима и околу новогодишните празници. Токму таму се организираат некои од најубавите празнични панаѓури на кои мора да присуствувате барем еднаш во животот. На овие панаѓури или фестивали можете да ги најдете најубавите подароци за најблиските, да ја пробате најубавата храна, да се напиете чаша топло црвено вино и да уживате во магијата на огромниот број светилки кои ќе ве следат на секоја прошетка.

Амстердам

Фото: Hotel Roemer

Без оглед на тоа што можеби веќе сте го посетиле Амстердам, зимата е време кога мора повторно да се вратите таму. Токму поради совршената новогодишна атмосфера, бројни магазини го ставаат Амстердам на врвот на листата најпосакувани дестинации во зима. Веќе знаете дека ноќниот живот в Амстердам е неверојатен, па можеби најдобро е да патувате со пријателите за максимално да се забавувате. Amsterdam Light Festival е нешто што мора да го видиме барем еднаш во животот, бидејќи само таму, на едно место, познати уметници од целиот свет го претвараат градот во светлечки спектакл.

Луцерн

Фото: MGP - Marc Geuzinge Photography

Луцерн е град што ќе ве освои од прва и ќе посакате да останете во него до крајот на животот. Тука секогаш ќе сакате да се вратите бидејќи ќе има толку многу работи што ќе сакате да ги истражите. Белата покривка тука е поубава од било кое друго место на светот, толку магична што изгледа како да сте во некоја бајка. Тука има неверојатни божиќни саеми кои традиционално се одржуваат секоја година, а на истите има изложени новогодишни производи од голем број земји во светот и изборот е огромен. Секако, не смееме да го заборавиме и највкусното чоколадо без кое не смеете да се вратите дома.

Сите француски ски – центри

Фото: The Luxvacation Blog

Ако имате можност, добро е барем еднаш во животот да посетите некој од познатите француски ски центри за кои сите ќе кажат дека се волшебни. Секако, многумина тука доаѓаат и за добра забава и опуштање меѓу скијањето. Вкусната храна и огромниот избор на топли пијалоци се исто така нешто по што се познати овие места, така што покрај скијањето и забавата, добро ќе се одморите и ќе уживате во локалните специјалитети и снегот.

Трансилванија

Фото: Find us lost

Ако сè уште не сте го посетиле дворецот на Дракула, тогаш оваа зима е време за тоа. Дознајте како изгледа Трансилванија под снег и посетете ги сите околни места и градови кои се фасцинантни во зима. Таму ќе најдете голем број продавници со традиционални локални производи, замоци во кои ќе се вљубите и една сосема поинаква култура која ќе ја обожавате.

Извор: Elle.rs

Објавено:
19 ноември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
614 пати