Иги Поп денеска слави 70-ти роденден!

21 април 2017

Џејмс Њувел Остерберг познат како Иги Поп, денеска полни 70 години, роден е на 21 април 1947 година. Музичарот кој со својот вокал стана влијателен преку својата панк група The Stooges или поточно прото панк кои се вратија како бенд заедно на сцена во 2003-та година. Остерберг сакал да стане музичар уште од својата 15-та година. Почнал како тапанар во групата The Iguanas, продолжил во „The Prime Movers“, исто како тапанар, но и како вокалист. Најголемо влијание во однос на неговата сценска појава го зема од Џим Морисон гледајќи го на еден концерт кога тој ја провоцира публиката пеејќи со својот препознатлив фалсет.

Публиката била агресивна и почнала да фрла предмети кон Џим Морисон. Тој концерт траел едвај 20 минути. Остерберг едноставно се вљубил во тој настап и полека, но сигурно го превзел тој начин и однос кон публиката од својот идол.


„Еднаш удрив еден соученик што учеше со мене во гимнзијата Ен Арбор, кој беше син на претседателот на компанијата Форд. Ме нервираше неговата надменост дека има пари, ме нервираше неговото однесување. Моето богатство беа моите родители кои ми овозможија да  бидам едуциран, воспитан, да почитувам вредности. Тоа беа моите пари, моите родители. Толку многу ме сакаа што ми ја отстапија нивната сплана соба за да може да ги сместам моите тапани, а тие спиеја во приколка. Ете тоа беа моите милиони“.

Иги Поп живее во Мајами, Флорида. Ќе биде во брак дури три пати, има еден син кој е роден 1970, Ерик Бенсон. Другари му се Џони Деп, Џим Џармуш. Сè уште на сите настапи излегува без маичка и го покажува своето голо торзо.


Една од неговите најпознати изјави е: Никогаш не верував дека U2 сакаа да ги спасат китовите, ниту пак дека The Beastie Boys се подготвени да лежат заТибет. Го сакам звукот кој ви забива остар нокт, тоа меправи да бидам див!

Среќен роденден Иги Поп!

Објавено:
21 април 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
75 пати