Икеа има нова роденденска колекција што ќе ја обожавате

6 јули 2018

Годинава Икеа слави 75 години постоење, а како роденденски подарок за сите нивни обожаватели, тие лансираа нова неодолива колекција.

Всушност, тие направија неколку помали колекции во кои повторно понудија некои од нивните најпознати парчиња кои сигурно ги паметите.

Брендот колекцијата ја нарече „Gratulera“, а истата ја подели на три периоди помеѓу раните 50 – ти и доцните 90 – ти години.

„Почувствувавме потреба да ја прославиме нашата историја и смисливме колекции кои ќе ги истакнат најпопуларните производи од Икеа низ минатите 75 години“, изјави Карин Густавсон, креативен директор на брендот.

Трите колекции ќе бидат достапни во нивните продавници од оваа есен, во првата ќе можете да најдете производи од 50 – тите и 60 – тите, во втората од 70 – тите и 80 – тите и во третата од 90 – тите па сè до денеска.

„Секоја колекција ќе биде различна од другата, а главното обележје ќе биде периодот во кој настанале производите. Ќе има моменти како класично дрво, светли и јаки нијанси, графика и сè што потсетува на скандинавското живеење“, изјави Густавсон.

Инаку, Икеа годинава прославува 75 години постоење, откако 17 годишниот Ингвар Кампрад го осмислил првото парче мебел за кујната на неговиот вујко.

Денеска, неговата компанија се вбројува меѓу најпознатите и најпрофитабилни во светот.

Објавено:
6 јули 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
856 пати