Инспиративни цитати од Јоко Оно за животот

30 април 2018

На 18 – ти април Јоко Оно напиша на Твитер: „Огромната љубопитност што ја имам е она што ме одржува во живот. Чувствувам дека сакам да знам повеќе и ќе знам. Животот е неверојатен, нели?“.

Слични цитати можеме да видиме секојдневно на Твитер профилот на оваа 85 годишната уметница, чија вљубеност во животот е едноставно заразна.

Овој февруари таа ја отвори својата изложба „The Riverbed“ која целосно ја посвети на заздравувањето, која официјално беше поставена во Њујорк во 2015 година.

Фото: Bloomberg

Она што е особено интересно, а се случува во поново време, е нејзиниот Твитер профил на кој речиси секојдневно објавува цитати за животот кои можат да ви послужат како супер совет ако некогаш наидете на пречки на патот.

Ви пренесуваме неколку во продолжение:

-Ако сте интровертна личност, тоа воопшто не е лошо. Работите што не можете да ги правите кога сте со луѓе, правете ги кога сте сами. Сите писатели ги напишале своите книги кога биле сами. Кога ќе одите во книжара и ќе ги видите книгите на полиците, размислете за осаменоста која писателите ја искориститиле како придобивка.

Фото: The Japan Times

-Плачењето е одличен начин да внесете баланс и здравје во вашето тело и ум. Продолжете да плачете.

-Ајде да работиме заедно за да го направиме овој свет што помалку загаден и насилен.

-Размислете за нешто поважно од парите во вашиот живот. Грижете се за тоа нешто.

-Ако некој се однесува непријатно кон вас, таму е за да размислите.

-Дишете длабоко и кажете си на себе дека ќе преживеете. Продолжете. Пролетта доаѓа.

Фото: The Independent

-Времето е концепт што го измислил човекот. Затоа, „кога“ не е нешто релевантно. Само замислете дека она што треба да се случи, ќе се случи, без разлика дали вчера или денес.

-Мотивацијата не значи дека треба да се држите до нешто. Ако најдете нешто подобро, откажете се. Животот е краток за да се ограничувате на нешто што ве мотивирало во одреден момент.

-Ќе биде „да“ ако направите да биде „да“.

-Значењето на животот е во она што го правам во моментов – уживам!

-Ако испратите слата порака, ќе добиете уште послатка. Ако се однесувате бесно, ќе ви биде вратено со бес. Бидете внимателни. Комуницирате повеќе одошто мислите.

Извор: Dazed

Објавено:
30 април 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
351 пати