Инстаграм VS. реалноста низ неколку фотографии

13 мај 2019

Совршена светлина, неколку „филтрирања", соодветен агол, добра композиција, неколку десетици пробни фотографии – за да се добие онаа вистинската за на Инстаграм.

Но, зад таквата виртуелна перфекција, реалноста е сосема поинаква.

Токму таквата споредба е прикажана директно, преку неколку фотографии на младата швајцарка Ким Брит, каде таа прави паралела помеѓу нејзиниот реален живот и совршено осмислениот свет на Инстаграм.
Фотографиите беа првично објавени на онлајн порталот Bored Panda и беа вирално споделувани и коментирани, со оглед на есенцијалната порака што ја испраќаат.

Иако оваа споредба „на прва рака" делува комично, сепак во прашање е длабок социолошки проблем на кој треба сериозно да се посвети внимание.

Извор: Bored Panda

 

Објавено:
13 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.818 пати