Интересен проект на една Инста мама

9 февруари 2017

„All that is she" е блогот-дневник на британката Доминик, каде таа секојдневно ги споделува своите животни искуства, обични и едноставни, а сепак симпатични и интересни. Таа ќе посоветува како да направите дневна, стилска комбинација, како да го уредите домот без голема финансиска инвестиција, и како да се справите со предизвикот на мајчинството. Истиот наслов го носи и нејзиниот профил на Инстаграм, што изобилува со пријатни фотографии, во смирени бои и хармонична атмосфера.

На нејзиниот Инсаграм профил, Доминик започна интересен проект што ги вклучува нејзините две ќерки и го именуваше „All that is three". Имено, се работи за серија на фотографии каде таа заедно со нејзините две ќерки се идентично облечени или пак имаат исти фризури...

Суштината е нераскинливата врска меѓу мајката и нејзините деца, а оваа мајка пронашла интересен начин како тоа да го визуелизира преку фотографии со интересен концепт.

Еве дел од нив...

Објавено:
9 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
493 пати