Интимен портрет на жените што сите нѐ инспирираат

20 септември 2017

Младата бразилска фотографка Луиза Дор, за магазинот „Time", направи серија на едноставни фотографии - портрети од жени кои засекогаш го променија светот.

Елен Деџенерис

Во соработка со етаблираниот магазин, Луиза осмисли концепт насловен „Firsts" што вклучува портрети на познати и храбри жени, пионерки во областа во која функционираат.

Опра Винфри

Главната идеја на проектот била едноставна: во еден серијал да се соберат жени кои се инспирација за повеќе генерации, во еден сосема природен амбиент, без стилисти и цел тим на соработници кои обично доаѓаат во пакет со фотосесиите.

Арета Френклин

Овој пат нивните дела се тие што зборуваат за нив, со кратка приказна под нивната фотографија.
Помеѓу фотографираните се и Опра Винфри, првата жена со сопствено „talk show", Хилари Клинтон како прва жена кандидат за претседател ан САД, Серена Вилијамс, прва жена со освоени 23 Гренд Слем турнири, Арета Френклин како прва жена која успеала да влезе во Rock and Roll Hall of Fame, а листата продолжува со уште многу други инспиративни дами кои оставиле свој значаен печат на глобално ниво.

Селена Гомез

Серена Вилијамс

Хилари Клинтон

 

Фото извор: Инстаграм профил @luisadorr

 

Објавено:
20 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
214 пати