Исланд е првата земја која законски ја изедначи платата на жените и мажите!

5 јануари 2018

Во 21 век револуција е еднаква исплата на трудот меѓу половите. Затоа и наголемо медиумите ја пренесуваат веста за Исланд како прва земја во светот во која од први јануари годинава стапи на сила законот за еднаква плата помеѓу жените и мажите.

Според овој закон, сите компании кои имаат повеќе од 25 вработени имаат должност да поднесат потврда дека подеднакво го исплаќаат трудот на своите вработени на исти позиции, независно од полот.

И двете политички страни во исландскиот парламент, каде речиси 50% се жени вклучувајќи ја и премиерката Катрин Јакобсдотир, ја поддржаа рамноправноста на половите во работното окружување.

Според Светскиот економски форум, Исланд е земја со најмал индекс во однос на разликата на платата помеѓу половите. По неа, следуваат Финска, Норвешка, Шведска, Руанда, Ирска, Филипини, Словенија, Нов Зеланд... Нашата земја е на 73-то место по однос на ова прашање, од листа со 144 земји.

 

Објавено:
5 јануари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
248 пати