Испразнете ги батериите - еко журка за сите „зелени“

21 октомври 2014

Под еколошката парола „Празнење батерии“, овој петок  (24. Октомври) во скопскиот клуб Хавана ќе се одржи едукативен музички настан со цел да се подигне еколошката свест кај луѓето и емпатијата кон природата.

Музичката програма на настанот ја збогатуваат: Нокаут, "Eye Cue", "DJ Chvare", "Funk Shui", Марлон Брандо и "DJ K-105".

За влезница треба да донесете 5 (или повеќе) празни батерии или еден нефункционален телефон или празна батерија од лаптоп/фотоапарат, симболично и на овој начин подржувајќи ја иницијативата за еколошко освестување.

Целта на настанот е добра забава и развивање на свеста кај младите за селектирање и рециклирање на батериите и мобилните телефони. Настанот е дел од проектот Гоу Клин. Целта на проектот е воспоставување на одржлив систем за управување со отпадни батерии и помал електронски отпад. Проектот е поддржан од Норвешката Амбасада во Белград и Т - Мобиле.

Во пресрет на настанот е снимена и видео најава во која се појавуваат: Сашко Коцев, Сашо Гигов - Гиш, Антонио Јовановски, Елеонора Јовановиќ, Катерина Попева, Огнена Ристовска, Кирил Трајковски, Тино Костадиновски, Дајана Аритоноска, Јована Аврамовска и Марко Соколовски.

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Култура