Изложба на Жан Пол Худ во Токио

9 јули 2014

На изложбата која започна минатиот петок, меѓу која се и делата на Issey Miyake ќе понуди ретроспектива на најдобрите дизајни и фотографии на Жан Пол Худ, чија главна инспирација е токму Грејс Џонс.  „Комбинацијата од делата и ентериерот на музејот се одлични за една ваква изложба. Грејс секогаш ме подржуваше во мојата работа, а кога добив понуда да бидам дел од групната изложба, не се двоумев воопшто“ – изјавил Жан.

Дел од изложбата е посветена уште на две жени во животот на фотографот – моделот Фарида Хелд и неговата сопруга Керен. Покрај дизајните и фотографиите, на изложбата ќе бидат презентирани и видеа од метрото во Париз и дел од телевизиското шоу на Мајкл Даглас во 1972 година, во која Жан ги објаснува придобивките од носењето на чевли со висока потпетица од 12 сантиметри.

Објавено:
9 јули 2014
Категорија: 
Култура