„Јавна соба“ викендов е домаќин на „Дизајн базар“

5 јануари 2016

Овој викенд, на 9-ти и 10-ти јануари во концептуалната продавница „Јавна соба" ќе се одржи „Дизајн базар" каде со големи празнични попусти ќе може да се купат дизајнерски производи од повеќе македонски дизајн брендови.

Дизајнерска облека, мебел, накит од домашните брендови „Куфер", „Линија", SPIN, We and Nature, „Преплет", „Лудус" ќе бидат достапни за продажба во текот на двата дена.

„По успешно реализирана година македонските дизајн брендови со големи попусти сакаат да ја наградат домашната публика! Во склоп на „Дизајн базарот", Јавна соба Ви нуди и работилници за деца, греано вино, намалени цени на мезе, музичка програма, одлична забава и другарување. Влезот е слободен за секој посетител", порачуваат од „Јавна соба".

 

Објавено:
5 јануари 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
318 пати