Каде летува европската елита?

7 август 2014

Додека поголем дел од светските јавни личности како своја летни дестинација ги одбираат најповиканите Ибица или Сен Тропе, европската елита одбегнувајќи ги секогаш бучните мејнстрим локации, се повлекуваат во интимниот рај на дворецот Château Gütsch.

Изграден во 1888 година, дворецот во швајцарскиот град Луцерн, е вистински уметнички споменик кој наликува на оние бајковите замоци од детската фантазија.

Комплексот брои 27 соби и апартмани опремени со најлуксузен мебел и ткаенини. Секоја соба е уредена различно и најчесто ентериерот е инспириран од  одреден уметнички правец или историска личност. Особено импресивен е апартманот инспириран од кралицата Викторија, каде централно е поставена раскошна када, а ѕидовите ги красат уметнички дела од 19-от век со швајцарски пејсажи.

Ресторанот и барот имаат пристап до огромна тераса која има спектакуларен поглед на градот. Покрај тоа, објектот има импресивен подрум со богата колекција на врвни вина од целиот свет и од различни временски периоди.

 

 

 

Објавено:
7 август 2014
Категорија: 
Култура