Како да го научите вашето дете да размислува со сопствена глава?

12 јуни 2019

Психолозите велат дека периодот од 10 – тата до 14 – тата година е време кога можете да ги научите децата правилно да размислуваат со своја глава, без никој од страна да ги манипулира.

Она на што прво треба да се фокусирате е вашиот однос со детето кој мора да остане сталожен и соодветен во секоја ситуација, земајќи во предвид дека децата на оваа возраст се веќе тинејџери и многу работи им пречат.

readers_digest

Иако и училиштата играат голема улога, таму им се претставени други знаења, така што најдоброто и највлијателното воспитување доаѓа од домот уште од мали нозе.

Ако на училиште им постават задача по матетамика и истата гласи „Како возот ќе стигне од точката А до точкатаБ“, од него се очекува механички да ја постави формулата, а вие како родители морате да го научите и на други работи.

rivertree_school.

На пример, со која брзина возот ќе дојде, што ќе се случи ако наиде на препреки и слично, со што ќе му ја развиете љубопитноста и оттука способноста да размислува.

На овој начин ќе го натерате да размислува и за други детали надвор од кутијата и да создава слика за тоа какви би можеле да бидат работите.

Истото се однесува и за на училиште каде учителите ја пренесуваат конкретната лекција, но многу ретко се обидуваат да ги слушнат размислувањата на учениците како тие ја доживеале, и како воопшто ја сфаќаат истата.

parents_magazine

Во оној момент кога децата ќе создадат своја слика за тоа како нештата изгледаат, почнуваат да размислуваат на свој, поинаков начин. Токму таа вештина на детето мора да ја пронајдете, да ја разбудите и да ја развивате.

Додека детето мечтае и прашува за сите работи околу него, тогаш тоа всушност учи, а сосема на крајот, тоа е и поентата.

sleep_review

Инфо: Kurir.rs

Објавено:
12 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
452 пати