Канонската драма „Привидение“ премиерно во кината од 11 октомври

8 октомври 2018

Ватикан го ангажира искусниот воен фотограф Жак, да истражи религиозен феномен во едно мало село во јужна Франција. Како предводник на комитетот за канонски истраги, Жак тргнува со својот тим од верници и скептици да ги разобличи тврдењата на младата Ана која верува дека била посетена од Дева Марија која и остава порака да изгради црква и да се грижи за сиромашните. Трагајќи по факти како докази, скептичниот Жак ќе остане фасциниран од прашањата за верата, посветеноста на Ана и откритија со кои ќе се соочи.

Завиер Џаноли е еден нај наградуваните млади европски режисери кој ја базира својата работа на детални истражувања за своите филмови. Закитен со наградите од Венецискиот и Канскиот, тој се впушта во проект со изразит религиозен карактер но од поглед на еден новинар скептик.

„Бев фасциниран од Канонските истраги кои се изведуваат ригорозно и дискретно. Во овие случаи се вклучени луѓе од сите слоеви на опшеството полицајци, свештеници, теолози, новинари, доктори. Морав да соберам многу материјали, сведоштва и докази како би можел да ги спојам приказните и историските записи и да ги претставам во што е можно по реално светло. За среќа имав пристап до голем број архивски материјали." вели сценаристот и режисер на филмот „Привидение"

Филмот „Привидение" домашната публика ќе има можност да го погледне во кината од четврток, 11 октомври во Синеплекс, Градско кино Милениум и 3Д киното во Битола.

 

Објавено:
8 октомври 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
105 пати