Капење вредно 19.000 евра: Ова се најлуксузните бањи во светот!

14 октомври 2014

Кога пред секој одмор го бирате вистинското место каде ќе престојувате, веруваме дека најважно од сѐ ви е бањата да биде чиста.

Секако, секој сака пристоен изглед на местото каде ќе престојува, без разлика дали станува збор за хотел или пак некој сосема скромен апартман, но не секогаш изгледот на бањата е пресуден при изборот.

Серенити, Сејшели, 1.480 евра за ноќевање Серенити, Сејшели, 1.480 евра за ноќевање

Во светот, постојат места кои голем дел од вниманието го посветуваат на тоа како изгледаат нивните бањи сакајќи да им го пружат сиот луксуз на своите клиенти.

Санктуари Бајнс, Боцвана, 1.193 евра за ноќевање Санктуари Бајнс, Боцвана, 1.193 евра за ноќевање

Во продолжение, можете да видите некои од најлуксузните бањи во светот во некои од најдобрите хотели. Во овие хотели, ноќевањето достигнува и цена од преку 19.000 евра за една вечер во што го добивате секој луксуз на кој ќе можете да се сетите.

Џорџ Петти, Париз, 19.114 евра за ноќевање Џорџ Петти, Париз, 19.114 евра за ноќевање

Дефинитивно, најскапиот од сите хотели со луксузна бања каква што не можете да си замислите, има хотелот Џорџ Петти како дел од ланецот „Четири сезони“ во Париз, каде едно ноќевање чини вкупно 19.414 евра. Истото е целосно направено од мермер и совршени пастелни бои!

Банјан Три, Шангај, 342 евра за ноќевање Банјан Три, Шангај, 342 евра за ноќевање

Во продолжение во галеријата погледнете дел од најлуксузните бањи во некои од најскапите хотели ширум светот!

Објавено:
14 октомври 2014
Категорија: 
Култура