Карл Лагерфелд во домот има 300.000 книги

23 јуни 2017

Еден од најголемите модни умови и креативци, Карл Лагерфелд е воедно и голем обожавател на книги. Всушност, можеби и „голем“ не е доволно добра одредба, ако се има предвид дека поседува 300.000 книги.

фото извор:mymodernmet.com/ Piotr Stoklosa

Модните магазини досега објавувале фотографии од неговиот дом, и ако подобро ги погледнете ќе забележите дека освен мебел и книги, во собите речиси и да нема друг декор, барем во оние во кои јавноста имаше можност да „ѕирне“.

За време на Фестивалот за мода и фотографија во 2015, дизајнерот проговори за неговата страст кон книгите:

фото извор:mymodernmet.com/ Piotr Stoklosa

„Денес собирам само книги. Во собите нема простор за ништо друго. Ако влезете во мојата куќа, не би ве шетал низ собите, би ве прошетал низ книгите. Мојата домашна библиотека брои 300.000 книги, што е многу за поединец – изјави тогаш Лагерфелд.

А меѓу тоа богатство од книги има разнолика литература – француска, англиска, германска....

За да може да ги собере сите пишани дела, освен што го отстранил другиот декор, дизајнерот ги реди книгите хоризонтално, наместо вертикално.

фото извор: core77.com

Количеството книги што овој моден гениј го поседува е недостижно, па ако би се правела листа на познати личности со богата домашна библиотека, зад него би имало стотици празни места.

фото извор:mymodernmet.com/ Piotr Stoklosa

фото извор: core77.com

фото извор: core77.com

Од она што е досега познато во јавноста, Мерилин Монро имала 400 книги. Домашната библиотека на Џорџ Вашингтон била составена од 1.200 книги, додека Чарлс Дарвин имал 1.480.

Опра Винфри пак може да се пофали со околу 1.500 книги во домашната библиотека, а Џорџ Лукас повеќе од 27.000 книги. Освен книги, тој има и преку 17.000 филмови, како и голем број фотографии, весници и друго. Библиотеката не е достапна за очите на јавноста, само за семејството, неговите вработени и специјални гости меѓу кои се нашле и Алфред Хичкок, Стив Мартин, Гери Грант, Клинт Иствуд...

фото извор:flavorwire.files.com

И Мајкл Џексон бил познат како голем љубител и колекционер на книги, а особено сакал да чита поезија.

-Во „Недојдија“ имаше преку 10.000 книги. Постоеја посебни места каде што обожуваше да седи и чита. Во книгите сè уште стојат „обележувачите“ и неговите забелешки. Дури и да не ја видите фамозната библиотека, само од разговорот со него се забележуваше дека е „начитана“ личност – изјави своевремено адвокатот на пејачот, Боб Сангер, за „Лос Анџелес Викли“.

Објавено:
23 јуни 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
268 пати