„Кармен“ премиерно на 8. ноември на сцената на НОБ

5 ноември 2019

Импозантната опера „Кармен" од Жорж Бизе, оваа сезона премиерно ќе биде изведена на 8. ноември (а потоа и на 12. ноември) на сцената на Националната опера и балет. По нејзината последна премиерна обнова во 2002 година, по 17 години, „Кармен" ја доживува својата седма премиерна обнова реализирана во рамките на националната оперска куќа.

Нејзиното поставување, како и нејзиното изведување во текот на целата, скоро седумдесет годишна дејност на Македонската Опера, има посебно и мошне големо значење. Имено, таа е првата француска опера изведена на сцената на Македонската Опера (македонската премиера се случила на (4.3.1951 година), а според официјалните податоци на Националната опера и балет, таа е и трета, најгледана опера од нејзиното формирање до денес (веднаш зад „Травијата" и „Аида"), но и една од првите десет најгледани претстави на репертоарот.

Авторскиот тим на новата режија, сценографија и костимографија го потпишуваат: Нина Најденова (Бугарија) - режисер, Елена Иванова(Бугарија) - сценограф, Марија Пупучевска - костимограф, Олга Панго - кореограф.

Диригент е гостинот од Италија, Енрико Довико.

Објавено:
5 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
57 пати