„Кармина Бурана“ во вторник на сцената на МОБ

28 март 2019

Македонската опера и балет ви ја најавува моќната изведба на најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.

На втори април со почеток во 20 часот публиката ќе може да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.

Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.

Солисти на операта се: Катерина Стојановска - сопран, Дејан Стоев - контратенор, Горан Начевски - баритон

Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова,  Давиде Буфоне (Италија), Мирослав Митрашиновиќ.

Диригент е Бисера Чадловска, а настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Објавено:
28 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
279 пати