Каролина го промовира новиот албум со четири концерти

23 јануари 2018

После синглот „Ѕвона“ кој излезе за новогодишните и божиќни празници, Каролина ги израдува своите обожаватели со промоција на новиот албум насловен како „Извор“.

Всушност, како пренесуваат од „Авалон“, Каролина и нејзиниот бенд ќе одржат четири последователни концерти во Македонската Опера и Балет.

Првиот е закажан за 23-ти февруари, по што следат концертите на 24, 25 и 26 февруари. Публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор", а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче".

Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800 денари, од утре, 24-ти јануари, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија, „Југотон“ и онлајн на веб страницата на ККЗС.

Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор", кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.

За потсетување, пред четири години, на барање на публиката, Каролина одржи блескав концертен маратон исто така во МОБ.

 

 

 

 

Објавено:
23 јануари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
200 пати