Кира Најтли и Кејт Бланшет главни ѕвезди на црвениот килим на театарските награди во Лондон

4 декември 2017

Вчеравечер во „Theatre Royal Drury Lane" во Лондон беа доделени престижните театарски награди „Evening Standard Theatre Awards" што се организираат традиционално по 63-ти пат.

Младиот актер кој веќе го освои и Холивуд, Ендрју Гарфилд триумфираше вечерта со наградата за најдобар актер за неговиот маестрален перформанс во „Angels of America", а неговата колешка Гленда Џексон беше прогласена за најдобра актерка за нејзината улога во „King Lear".

За најдобра претстава за годинава што изминува е прогласена „The Ferryman" на Џез Батерворт.
Комплетната листа на победници може да ја проследите на овој линк.

Кога е во прашање црвениот килим на овој исклучително значаен настан во организација на етаблираниот британски весник London Evening Standard, екстраваганцијата е секогаш на ниво.

Овој пат двете холивудски дами Кира Најтли и Кејт Бланшет, кои важат за современи икони на стилот, го освоија вниманието на медиумите облечени во романтични тоалети во нежни пудрести нијанси.

Кира одбра тоалета од летната колекција на Валентино, со акцент на лелеавата силуета и зелените панделки на ракавите што и дадоа дополнителен печат, додека Кејт се одлучи за впечатлива, дводелна макси тоалета од ресорт колекцијата на Александар Меквин богато украсена со везови.

Какви беа другите изданија на црвениот килим погледнете во галеријата во продолжение.

Фото извор: Getty Images,Daily mail

Објавено:
4 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
292 пати