„Клеопатра“ на 14. и 17. ноември во МОБ

12 ноември 2018

Балетскиот спектакл „Клеопатра" грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет, кој има одличен прием кај нашата публика и ќе биде изведен на 14 и 17 ноември со почеток во 20 часот во Македонската опеа и балет.

За „Клеопатра" специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е реномираниот Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.

Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова-Клеопатра, Васил Чичијашвили (Грузија) - Цезар, Бобан Ковачевски - Марко Антоние, Марија Кичевска Шокаровска -Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска - Змија. Солисти, балетскиот ансамбл, оркестарот и хорот на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.

Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сеуште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.

Билетарница на МОБ: 02 3118-451
онлајн: www.mob.mk

Објавено:
12 ноември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
645 пати