Филм кој треба да се гледа

Кога Шарлиз е М6 агент!

12 јули 2017

Шарлиз Терон со филмот „Atomic blonde“ ова лето ќе ги полни филмските сали според сите релевантни филмски критичари.

Велат дека за овој филм режисерот Дејвид Лич го сменил насловот на филмот поради неверојатните боречки вештини на Терон.

Дејствието на овој трилер се одвива во Берлин и тоа во време на Берлинскиот ѕид во приквечерината на самото рушење. Ликот кој го игра Шарлиз е топ агентот на М6, Лорејн Бројтон која има задача да го открие убиецот на тајниот агент кој бил претходно на задача и тоа од непознати причини.

Нејзин партнер во филмот е извонредниот Џејмс Мекавој. Филмот има извонреден избор на музика, а Шерлиз е повеќе од одлична .Велат дека нема потреба од следен акционен херој во иднина, Шерлиз ги „мачка на леб“ сите досегашни.

Препорака за ова лето од нас! Знаете како најдете линк, опуштете се на вашата софа и уживајте.

Има надеж дека ќе го гледаме и на големо платно овој филм, најавена е премиера на 17.08 во Синеплекс.

Во меѓувреме погледнете го трејлерот .

 

 

 

Објавено:
12 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
141 пати
Извор: 
imdb