Угледниот Forbes редовно ги објавува најрелевантните листи на најбогати во различни сектори.
Тие ја објавија и листата на најбогати жени во музичката индустрија за 2017 година. На првото место е Бијонсе со 105 милиони долари заработувачка и тоа не е баш некое изненадување.
Второто место е резервирано за Адел која после Греми наградите буквално распродаде неколку тиражи, а заработувачката е 69 милиони долари.
Третото место е за Тејлор Сфивт со 44 милиони долари заработувачка, четвртото место е за Селин Дион со 42 милиони долари, а петтото за Џенифер Лопез со 38 милиони долари.
Можеби малку да ве зачуди фактот дека на оваа листа се и ветеранките Доли Партон со 37 милиони долари како и Барбара Стрејсенд 30 милиони, Ријана 36 милиони, Кејти Пери 33 милиони и не ја заборавајте Бритни Спирс со 34 милиони долари.
На оваа листа годинава ги нема Мадона и Лејди Гага, барем не во првите десет .
Фотографии Forbes,Pop Sugar