Кои се новите Чарлеви ангели...?

4 октомври 2017

....Иако се шпекулира со имињата на актерките од новата постава на Чарлевите ангели, одговорот сѐ уште не е дефинитивен. Она што е сигурно е дека продолжението на филмскиот хит ќе го режира Елизабет Бенкс, а неговата премиера ќе биде во 2019 година.

Тимот периодот е ангажиран со кастинг на вистинските лица во улога на ангелите-приватни детективи, а извори блиски до продуцентите велат дека се спомнуваат имињата на Кристен Стјуард и Лупита Нјонго.

За потсетување, приказната за Чарлевите ангели го освои светот како телевизиски серијал во 1976 година, а врз основа на серијата беа режирани и филмските верзии во 200о-та и 2003-та годиа, во кои главните улоги ги играа Луси Лу, Камерон Дијаз и Дру Баримур.

Објавено:
4 октомври 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
369 пати