Кои се жените и мажите за кои пишувал Џони Штулиќ

12 април 2017

Бранимир Џони Штулиќ е eдна од најголемите рок икони на овие простори, кој неодамна го прослави својот 64-ти роденден. Сите негови обожаватели знаат дека за него родендените се само тривијалност и ништо повеќе.

Одамна се повлече од јавноста, со медиумите комуницира многу ретко, од време на време ќе постира некој клип на Jутјуб и тука завршува неговата условна јавност. Многумина го опишуваат како најголемиот рок поет што некогаш се појавил. Следствено на ова, тогаш за кои ликови тој пишувал, што го инспирирало?

Грација

Едно од најпознатите женски имиња во неговотo творештво е секако Грација. Во книгата „Фантом на слободата“ на Хрвоје Хорват се вели дека Грација Педиќ е девојка во која Штулиќ се вљубил за време на едно летување на островот Силби. После оваа фатална средба тој ќе ја остави својата тогашна девојка Бранка Бакариќ и на Грација и ја посветува оваа песна.

„Се сеќавам на тоа летување на Силби. Џони само дојде до мене и почна да свири. За еден ден создаде две песни кои подоцна се најдоа на албумот „Sunčana strana ulice“, раскажува сценографот Далибор Лагиња.

Марина

Марина била студентка на историја на уметност од Истра. Никогаш не се појавила да ја потврди оваа приказна.

Сузи Ф

Сузи Ф е уште една негова љубов од Силби. Во тоа време овој остров бил преполн со млади луѓе, уметници и продуховени. Доаѓале туристи од цела Европа, па така и австријката Сузи била летна романса на Џони.

Мирна

Мирна Црнобори е главна хероина на песната „Случајна средба“.

„Џони беше позитивен лик, благ човек, чувствителен со луѓето и многу претпазлив во контактите со оние кои ги запознаваше. На почетокот не беше многу важен лик, но дефинтивно беше чудна птица во јатото, чуден човек. Бевме соседи, прозор до прозор и да, тие се мои песни, но никогаш не го почуствував како пријател“. Мирна живее во Холандија.


Бранка Бакариќ

Еден од најголемите хитови на Азра „Odlazak u noć“, ја опишува неговата авантура, подоцна и врска со Бранка.

„Многу млада се омажив и се разведов. После разводот се вратив кај моите родители и на една журка го запознав Џони. Утредента истото друштво од журката организираше излет и тогаш некако го наговорив Џони да се најде со мене, да излеземе. Тој доаѓаше пеш од неговиот крај на градот, а јас со својот автомобил. Се сретнувавме на пола пат и потоа заедно исчезнувавме во ноќта“, вели Бранка.

Весна и Влатка Пришт

„Dignem glavu, a tamo Maja Prišt“ е стих од песната „Lijepe žene prolaze kroz grad“ која Штулиќ ја напишал првенствено за Влатка Пришт, а Маја е само второ име за Влатка, оти таа никогаш не потклекнала на неговиот шарм.

Снежана Бановиќ

Снежана е главен лик од неколку песни на Азра кои се големи хитови како што се „Život običnog tempa", „Jesi li sama večeras", „Volim te kad pričaš" i „Usne vrele višnje".

Кој тоа таму пее?

Во оваа песна Џони се пресметува со режимот на Тито. Барем дел од неговата публика сака да е тоа таа приказна.

Кој е Мики?

Мики е најпознатиот лик од неговите песни, тој не е вистински, реален лик. Тој е метафора на малиот човек во општеството во чија кожа се провлекувал самиот Штулиќ.

 

Објавено:
12 април 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
260 пати