Кој триумфираше на Канскиот филмски фестивал?

29 мај 2017

Вчера заврши 70-то јубилејно издание на престижниот Кански филмски фестивал со доделување на „Златна палма" за најдобрите.

Жирито на чело со Педро Алмодовар за најдобар филм го прогласи „The Square" на шведскиот режисер Рубен Остлундм кој се натпреваруваше во конкуренција од 19 филмови што беа во трка за најпрестижното признание.

„Златна палма" за најдобра актерка доби Дајан Кругер за нејзината улога во „In the Fade", додека за најдобар актер Жоакин Феникс кој ја толкува главната машка улога во филмот „You Were Never Really Here".

Софија Копола ја доби наградата за најдобра режија за нејзиниот филм „Beguiled", а режисерката Лин Ремси го освои признанието за најдобро сценарио за филмот „You Were Never Really Here".
Комплетната листа на победници може да ја видите на овој линк.

Инаку ова јубилејно издание на Филмскиот фестивал во Кан покрај раскошниот црвен килим, ќе биде запаметено и како издание во кое триумфираа жените-режисери.

Извор на фотографии: Официјална фејсбук фан страна на Кански филмски фестивал https://www.facebook.com/festivaldecannes/

 

Објавено:
29 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
456 пати