Концерт „Љубовна Елегија“ на Вејчеслав Поповски во МОБ

10 април 2018

На 14 Април Ви го најавуваме големиот Гала концерт „Љубовна Елегија" на Вејчеслав Поповски, нашиот млад уметник кој со својот глас подеднакво добро може да Ве носи низ различните музички правци, но овој пат со својот талент сака да Ви ја раскаже својата музичка приказна низ стиховите на најубавите стари македонски народни песни во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет, во големата сала на МОБ.

Вејчеслав подготви 15 аранжмани за едни од најубавите стари македонски народни песни кои ги соедини во една приказна наречена Гала концерт „Љубовна елегија" кој е закажан за 14 Април 2018 година во Македонската опера и балет. Аранжманите за песните кои ќе бидат изведени на Гала концертот се подготвени и оркестрирани од страна Вејчеслав и ќе бидат изведени во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и диригент Бисера Чадловска.

Овој македонски талент во придружба на оркестарот на МОБ, на еден нов, современ начин ќе ви ги долови "Калеш Анѓа", "Бор садила мома Евгенија", "Билјана платно белеше", "Саноќ седам Трено", Кажи, кажи, либе Стано...

Ова ќе биде настан кога љубовта и музиката ќе бидат испреплетени до степен на совршенство, во спојот на традицијата и младоста кој ќе Ви понуди незаборавни моменти на уживање.

Бидете и Вие дел од ова совршенство наречено „Љубовна елегија ".

Организатор на настанот е Прагма Продукција и картите за овој настан се пуштени во продажба по цена од 300 – 600 денари и истите можат да се купат преку мрежата на:

https://www.kupikartizase.com/Events/vejceslav_popovski_koncert

„Вашето присуство на овој настан ќе ни биде од особена важност за што ќе Ви бидеме посебно благодарни, бидејќи на тој начин ќе овозможиме настанот да биде достојно реализиран и остане запаметен како пример на реализација на една добра идеја на 17 годишен уметник кој упорно работи на полето на музиката и уметноста и ќе биде првиот најмлад уметник кој подготвил самостојни аранжмани за синфониски оркестар и настапил со оркестарот на МОБ“, велат организаторите.

Вејчеслав Поповски (17 години) е млад музичар кој својот талент го претставува низ фестивалите во земјата и странство, а за одбележување е и фактот што тој на свои 11 години го снима своето прво солистичко CD "Бисери".

 

Објавено:
10 април 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
114 пати