Конечно еден корисен предизвик: #trashtag!

12 март 2019

Вообичаено, „предизвиците" што стануваат вирално популарни, имаат некаква комична, иронична или бизарна содржина.

Но, зад „хаштагот" #trashtag стои една многу етичка и човечка идеја, на сите нам позната, ама често игнорирана: размислувај глобално, делувај локално – овојпат алудирајќи на тоа да го исчистиме ѓубрето од нашата локална средина и најблиско окружување.

Како што обично се случува, предизвикот започна со неколку индивидуални примери, но набрзо беше глобално прифатен и вирално проширен.

За разлика од повеќето вирално популарни предизвици, кои начелно немаат никаква цел или корисна идеја, #trashtag има навистина прагматична мисија која од секој од нас може да направи поодгововорна личност, кон себе и кон нашето заедничко општество.

Предизвикот има само едно правило, да се фотографира средината пред и по работната акција.

Го прифаќате ли предизвикот?

 

Објавено:
12 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
729 пати