Кравјото млеко предизвикува рак?

10 јули 2017

Германскиот нобеловец Хаузен во последното издание на „International journal of cancer“,  објави дека проучувајќи ја ДНК на кравите и кравјото млеко во нив открил елементи кои го носат во себе вирусот кој предизвикува рак.

Харалд зур Хаузен ја добива Нобеловата награда од областа на физиологијата  во 2008-та година. Неговото долгогодишно истражување токму за предизвикувачот на ракот е одамна познато и со тоа се занимава целиот свој живот. 

  

На онаа дамнешна теза дека црвеното месо подготвено на скара предизвикува рак, тој одговара реторички зошто не го поставуваме ова прашање кога станува збор за пилешкото месо и рибата подготвена на жар или скара. Тој вели дека директини предизвикувачи на ракот на дебело црево се домашните животни, но тоа треба уште да се проучува. Додава дека и покрај опасноста од црвеното месо, поточно од говедското, тој е убеден дека кравјото млеко е најголем причинител за предизвикување на рак.

Објавено:
10 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
371 пати