Легендарниот автомобил „Буба“ заминува во пензија

13 март 2018

По 80 години, Volkswagen одлучи да го прекине производството на култниот автомобил „Буба" со што се става крај на една ера во автомобилската индустрија.

Легендарниот германски автомобил буквално заминува во пензија, а информацијата ја потврди и Франк Велш, директорот за развој во Volkswagen, на саемот за автомобили во Женева.

Овој фасцинантен автомобил имаше бројни обожаватели ширум светот, тешко кој можеше да одолее на нејзиниот дизајн, кој иако се трансформираше во текот на годините, сепак суштината и основата остануваше иста.

Како причина за оваа одлука се наведува слабиот напредок на пазарот.

Ова значи дека, доколку поседувате „Буба" сега има уште поголема вредност.

На авто сцената за прв пат се појави во 1938 година, додека нејзината последна модернизирана верзија беше произведена во 2011 година.

 

Објавено:
13 март 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
271 пати