Леонардо ди Каприо во улога на сериски убиец

12 август 2015

По шести пат познатата филмска двојка, актерот Леонардо ди Каприо и режисерот Мартин Скорсезе, ќе соработуваат на заеднички проект.

По филмските хитови, The Wolf of Wall Street, Gangs of New York, The Aviator, The Departed и Shutter Island, следениот заеднички филм е насловен The Devil in the White City, во кој Лео го глуми ликот на озогласениот американски сериски убиец др. Хенри Хауард Холмс.

Првиот регистриран сериски убиец во Америка, др. Холмс во 1893 година во Чикаго отворил хотел каде убил најголемиот дел од неговите жртви. Признал 27 убиства, но вистинската бројка се претпоставува дека е многу поголема, односно околу 200 жртви.

Дали оваа улога конечно ќе му го донесе посакуваниот Оскар на Леонардо ди Каприо, останува да видиме.

 

Објавено:
12 август 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
256 пати