Лесни крилја Смоки...

9 септември 2017

Вчеравечер, во 81-та година од својот живот почина доајенот на југословенската сцена, актерот Љубиша Самарџиќ познат по прекарот Смоки што го доби по улогата во „Песочен град".

Фото извор: alo.rs

Минатата година актерот имаше операција на тумор на мозокот, но неговата здравствена состојба се влошила поради хроничната леукемија. Исто така од леукемија пред неколку години почина и неговиот син Драган.

Роден е во Скопје во 1936-та година во рударско семејство. Се запишал на правни студии, но набргу ги напушта и се префрла на Академијата за драмски уметности.

Фото извор: alo.rs

Првата своја улога ја остварува во филмот „Прекобројна" и оттаму започнува неговата инспиративна и богата актерска кариера.

Следуваат: , „Денови", „Десантот на Дрвар", „Битката на Неретва", за која ја доби и наградата Гранд При во Ниш, а за улогата во филмот „Утро" е награден и на филмскиот фестивал во Венеција.

Беше познат по неговите маестрални улоги во воени филмови, комедии и серии.

Фото извор: Wikipedia

Со сопругата Мирјана имаа две деца Драган и Јована.

Неговата последна улога беше во серијата „Мирисот на дождот на Балканот" во 2011 година.

Лесни крилја Смоки...

 

Објавено:
9 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
217 пати