Летен фестивал на книгата во Три – попусти до 70 %

26 јуни 2018

Летните денови се како создадени за нашата омилена активност – задлабочување во светот на книгите.  Во книжарниците ТРИ започна Летниот фестивал на книгата со огромни попусти. 

Под слоганот „Читај... каде и да одиш“ и овој пат Фестивалот ќе се фокусира на љубителите на пишаниот збор и ќе има за цел да го промовира читањето како неизоставен дел од секое летно сценарио. 

И оваа година ве очекува навистина богат и атрактивен избор на повеќе од 1.000 книги од различни жанрови и јазици, со специјални фестивалски попусти од 20% до 70%, потоа можност да ги запознаете одблизу нашите автори и да присуствувате на промоции на многу нови изданија, награди за верните читатели секоја недела и многу други настани. 

Книгите што и годинава се дел од нашата понуда сигурно ќе ве одведат на убави места и ќе ви откријат предели на кои ќе им се одушевувате. Ќе ви раскажат неверојатни приказни, ќе ве опкружат со многу возбудливи ликови. 

Не пропуштајте да ги посетите Книжарниците ТРИ во Дебар Маало и ГТЦ и да си изберете од насловите што до крајот на летото ќе се продаваат по промотивни цени и да уживате во секој ден.

Објавено:
26 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
83 пати