Летово ќе ги гледаме Кијану Ривс и Винона Рајдер во романтична комедија

17 мај 2018

Кијану Ривс и Винона Рајдер ќе се спојат на големото платно, во ново остварување насловено како „Destination Wedding“. 

Се работи за романтична комедија, во која Кијану е Франк, а Винона е Линдзи, кои одат на венчавка кај пријатели, но не се воодушевени што мора да присуствуваат, а најмногу поради тоа што не сакаат претерано да се дружат со луѓе.

Некои ќе речат дека се работи за ретро комедија со совршено познато сценарио, додека други се радуваат што двајцата ќе ги видат во заедничка приказна.

Во продолжение погледнете го трејлерот и кажете ни ги впечатоците. 

Филмот се очекува во кината кон крајот на август.

 

Објавено:
17 мај 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
401 пати