Лудите работи што Џаред Лето ги правеше за улоги...

17 август 2016

Филмот „Suicide Squad“ веќе неколку недели ги полни кино салите ширум светот, а заработката на истиот по првите прикажувања е неверојатна.

Покрај одличните актери како Вил Смит и Маргот Роби, дел од филмот е и единствениот Џаред Лето (44) кој за улогата на Џокер претрпе вистинска трансформација по што всушност тој е и познат.

Неговите колеги ќе кажат дека цело време додека го подготвувале филмот, па дури и на настаните надвор од снимањата не успеале да го запознаат вистинскиот Џаред, бидејќи тој никогаш не излегол од улогата на Џокер.

Тие ќе кажат дека работата со него е навистина интересна, а меѓу лудите работи што ги правел додека снимале, биле и бизарните подароци што им ги праќал дома на неговите колеги како секс играчки, различни животни и што уште не, само за да докаже дека вистински го живее Џокер.

Актерот важи за еден од оние луѓе кои се трансформираат дури и до 100 проценти за потребите на филмовите. Денеска ќе дознаете неколку факти за актерот и работи што тој ги направил за неколку улоги во филм, а верувајте дека истите ќе ве изненадат!

1.Бизарни подароци за колегите од „Suicide Squad“

Со оглед на тоа што во филмот тој го глумеше Џокер, еден од најпознатите ликови од филм на сите времиња, воопшто не изненадува фактот што тој сакал да се издвои од толпата актери.

За да докаже дека е вистински Џокер, на неговата колешка Маргот Роби постојано ѝ праќал љубовни писма во кутија во која имало и мртов глушец, додека Вил Смит добил писмо полно со куршуми.

„Направив многу луди работи за да се создаде динамика, елемент на изненадување, спонтаност и навистина да се срушат сите ѕидови кои можеби постоеја. Џокер е лик кој не ги почитува работите како личниот простор или границите на човекот“, изјави Лето за E!.

2. Никогаш не разговарал со неговите колеги

Како што неодамна изјави Вил Смит, Лето толку влегол во карактерот на Џокер што ниту еднаш не излегол од улогата, дури и кога се гаселе камерите.

„Јас никогаш не го запознав Џаред Лето. Работевме заедно шест месеци и никогаш не разменивме ниту еден збор. Јас буквално не знам каков е тој како човек. Тој беше толку внесен во ликот на Џокер“, изјави актерот.

3.Се откажал од секс за филмот „Requiem for a Dream“

Додека го глумеше наркоманот Хари Голдфарб во филмот „Requiem for a Dream“, се збореше дека актерот, кој беше во врска со Камерон Дијаз во тоа време, се откажал од секс два месеца. Откако заврши снимањето на филмот, за да се врати во нормала и да ја добие тежината која ја имал пред филмот, тој заминал во Португалија и живеел на плажа каде сам ловел риби и така се прехранувал.

4.Изгубил 11 килограми за филм

Покрај тоа што се откажал од секс, Лето изгубил и повеќе од 11 килограми за улогата на Хари Голдфарб. Неговата издржливост се исплатела, а благодарение на истата освои и бројни награди за улогата и доби супер критики.

„Постојано бев гладен. Честопати губев свест додека снимавме. Имав проблеми со коските, со црниот дроб. Бев многу несреќен. Тоа беше едно болно, мрачно место, но вредеше. Не знам дали некогаш сте постеле, но мене ми се случи да имам и халуцинации“, изјави Лето во времето на прикажување на филмот.

5.Живеел на улица две недели

За навистина да го долови карактерот на Хари во филмот, кој инаку е наркоман изгубен во животот, Лето живеел две недели низ улиците на Бруклин. Како што тој ќе каже, било фасцинантно да се дојде толку блиску до оние кои имаат проблем со дрогата и да се види низ што тие луѓе поминуваат.

6.Имал страшни болки во коските што стигнал дури и до инвалидска количка

Додека се подготвувал за улогата на Марк Чапман за филмот „Chapter 27“, ликот кој го уби Џон Ленон, Лето добил 27 килограми плус јадејќи постојано пици и различни тестенини, но и сладолед со маслиново масло и соја сос за максимална подуеност. Иако неговата улога доби бројни пофалби и награди, по завршувањето на филмот тој имал сериозни проблеми со коските, па одреден период дури и не можел да се движи.

„Можеби беше глупаво тоа што го направив. Сега имам проблеми со коските, а мојот холестерол „скокна“ многу за кратко време. Докторите сакаат да одам на некои терапии кои се за стари луѓе. Повторно, ова беше уште едно фасцинантно патување“, изјави актерот тогаш.

7.Подлегнал на бројни диети

За да се врати во нормала по снимањето, актерот морал да подлегне на бројни диети. Онаа задолжителната била „течна“ диета, односно исхрана строго со течности во рок од 10 дена. Во едно гостување во шоуто на Џими Кимел, Лето изјави:

„Постам. Постојано си подготвувам некои чудни смеси од лимон, пиперки, вода и што уште не. Не сум јадел никаква храна веќе 10 дена, мислам дека изгубив повеќе од 10 килограми“.

8.Режирал музички спотови под псевдоним

Кога беше објавен спотот за песната „The Kill“ на неговиот бенд 30 Seconds to Mars, тој велеше дека спотот го режирал некој Данец по име Бартоломеј Кубинс. Подоцна, тој појасни дека сакал да го заштити бендот и работите што тие ги прават од познатиот актер Џаред Лето.

„Навистина сакав луѓето да можат да уживаат и да го искусат видеото без никакви предрасуди и само да биде она што е. Не беше важно за мене да кажам дека јас сум го режирал видеото, немаше потреба“, изјави подоцна актерот.

9.Изгубил 14 килограми за улогата во филмот „Dallas Buyers Club“

За улогата на Рајон, трансродова жена во филмот „Dallas Buyers Club“, актерот изгубил 14 килограми и ги отстранил влакната од целото тело. Како што е случај со сите негови улоги, и во овој филм останал во карактерот речиси цело време додека снимале.

„Ги депилирав нозете постојано. Не сакав брадата да ми расте. Ги депилирав и веѓите исто така и морав постојано да внимавам на сѐ“, изјави актерот. 

Неверојатните трансформации на Џаред Лето дефинитивно воодушевуваат и по кој знае кој пат докажуваат дека тој е еден ултра талентиран актер, но сепак, не смееме да заборавиме и дека тој е исклучително згоден кога можеме да го видиме во вистинско светло!

Извор: Elle.rs

Објавено:
17 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.845 пати