Магионичарот Шин Лим победи на „Америка има талент“

20 септември 2018

Иако многумина навиваа за 14 годишната Кортни Хадвин која е исклучителна рок ѕвезда, сите гласови во финалето на „Америка има талент“ ги освои магионичарот Шин Лим кој беше прогласен за победник на 13 – тата сезона.

Тој ја освои публиката и жирито со неверојатните трикови со карти, а за финалето подготви неверојатен спектакл со кој ги воодушеви сите.

На второто место се најде неверојатната танчерска група Зуркаро кои низ емисиите изненадуваа со спектакуларни точки со кои придобија многу обожаватели.

На големо изненадување на сите, еден од најголемите фаворити, тинејџерката Кортни Ходвин не влезе ниту во првите пет, туку заврши на шестото место, но судиите и сите оние кои навиваа за неа ја охрабрија со зборовите дека ја очекува блескава кариера.

Во финалето, таа настапи со една од најпопуларните британски групи во моментов, The Struts, кога ја отпеаја една од најпознатите песни на Џенис Џоплин „Piece of my heart“.

Сега веќе популарниот магионичар Шин Лим, освои награда од еден милион долари и можност да настапи прв на шоуто на „Америка има талент“ во Лас Вегас во ноември.

Главни гости на вечерта на големо одушевување на сите беа популарните KISS кои по завршувањето на настапот, најавија дека наскоро одат на турнеја за последен пат.

Во продолжение, погледнете го видеото од победничкиот настап на магионичарот Лим и некои од најважните моменти од финалето на популарното шоу.

Фото: News viral zone

Објавено:
20 септември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
155 пати