„Магоа“ – прва самостојна изложба на Лазар Зафировски

5 декември 2018

Младиот фотограф Лазар Зафировски овој четврток (6. Декември) во галеријата „Акантус" со почеток во 19 часот, ќе ја постави својата прва самостојна изложба насловена „Магоа".

Изложбата се состои од фотографии што ја портретираат внатрешната психолошка состојба на младиот човек преку фацијалните експресии.

„Денешните млади луѓе многу малку време посветуваат на својата внатрешна емоционална состојба. Игнорирањето на вистинските потреби на младите кои доаѓаат од нивната правилно декодирана емотивна состојба, може да придонесе до разни внатрешни немири и конфликти кои подоцна се пројавуваат во надворешното однесување. На тој начин младиот човек преминува во тажен и несреќен, кој со ништо добро и ништо позитивно не придонесува во општеството и средината. Токму поради тоа потребно е да се крене свеста на младината за здраво, правилно и отворено препознавање и искажување на вистинските емоции кои тие ги носат во себе. Да се намали степенот на потиснување, срамење од себеси, игнорирање и негирање, кој секогаш резултира само со негативни појави. Младите треба да се поттикнуваат отворено и свесно да зборуваат за своите емоции, како би се подигнувала и нивната емоционална интелигенција", се вели во предговорот за изложбата.

Дојдете да уживаме во и да дискутираме за уметноста!

 

Објавено:
5 декември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
188 пати